понеделник, 16 март 2026

Вучиќ: Само да им кажам на Хрватите, нема да станете сопственици на Нафтената индустрија на Србија

Српскиот претседател Александар Вучиќ порача дека се надева дека на крајот на оваа или на почетокот на следната недела ќе има одговори за Нафтената индустрија на Србија (НИС). Тој истакна дека се невистинити приказните дека Хрватите ќе станат сопственици на НИС.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Бидејќи гледам дека во Хрватска ја продолжуваат приказната за тоа дела тие ќе станат сопственици, дозволете ми само да им кажам, а ако има некои Руси кои размислуваат за тоа, дозволете ми да ги известам дека тоа нема да се случи. Само имајте го тоа на ум, ништо повеќе“, изјави Вучиќ за Информер.

Санкциите на Соединетите Американски Држави против НИС, која е во мнозинска сопственост на Русија, стапија на сила на 9 октомври Хрватскиот министер за економија Анте Шушњар неколку пати порача дека Хрватска е подготвена да ја преземе српската нафтена компанија.

Денес Вучиќ повтори дека ќе успее да најде решение за проблемот со НИС и истакна дека граѓаните на Србија не треба да се грижат.

„Сега, со ова ново количество од околу 70.000 тони, можеме да го покриеме работењето на рафинеријата до, да кажеме, 12 ноември. Не заборавајте дека постои закана од секундарни санкции за нашите финансиски институции, за што денес зборуваше шефицата на ММФ за нашата земја. Таа кажа: „Погрижете се да ги избегнете тие секундарни санкции, бидејќи тие ќе ви создадат огромни проблеми во финансиските институции“, кажа Вучиќ.

Вучиќ претходно најави дека ќе разговара со руските, американските и европските партнери за да се најде најдоброто решение за Србија во врска со моменталната енергетска ситуација. Тој кажа и дека Србија ќе донесе свои одлуки и ќе го заштити населението ако оваа недела нема решение за проблемите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ