По разговорот Вучиќ објави на социјалната мрежа Инстаграм дека тој и унгарскиот премиер разговарале за последиците од глобалните настани за регионот и начините за понатамошно зајакнување на партнерството меѓу Србија и Унгарија.
„Во време на сериозни глобални конфликти и нестабилност, од клучно значење е да се обезбеди стабилност, енергетска безбедност и сигурност за нашите граѓани преку одговорна и тесна соработка“, кажа Вучиќ.
Тој додаде дека разговарале и за снабдувањето со нафта и други енергетски производи, како и за големите заеднички проекти на кои работат Србија и Унгарија. Заклучи дека се разговарало за „координација во сите клучни области, со цел да се зачува мирот и безбедноста за нашите граѓани“.






