понеделник, 8 декември 2025

Вучиќ: Претседателски и парламентарни избори во Србија на крајот од 2026, нема пак да се кандидирам

„Не сакам да го менувам Уставот“, рече претседателот на Србија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа изјави дека претседателските и парламентарните избори во земјата најверојатно ќе се одржат во декември 2026 година, или можеби дури и малку порано, и додаде дека Уставот нема да се менува, што значи дека тој нема повторно да се кандидира за претседател.

„Официјално ми остануваат уште година и пол до крајот на мојот мандат. Тој мандат веројатно ќе биде пократок и веројатно ќе одиме заедно на претседателските и парламентарните избори во декември 2026 година, а можеби и малку порано. Близу сум до крајот на мојот мандат. Не сакам да го менувам Уставот. Нема повторно да се кандидирам за претседател“, изјави Вучиќ за ТВ Пинк.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ