четврток, 19 февруари 2026

Вучиќ: Пленковиќ ми кажа дека сојузот Загреб-Тирана-Приштина не е насочен против Србија

Српскиот претседател Александар Вучиќ зборуваше од Њу Делхи, каде што учествува на четвртиот глобален самит за вештачка интелигенција.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Вечерва имав долг разговор со претседателот Макрон, разговаравме 45 минути за сите важни прашања во Европа, за европскиот пат на Србија и ја анализиравме геополитичката ситуација“, кажа Вучиќ, а пренесуваат српските медиуми.

„Вечерва имав и долг разговор со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, разговаравме и за воениот сојуз на Загреб, Тирана и Приштина. Премиерот Пленковиќ кажа дека тој не е насочен против Србија. Сè друго што би рекол би ги прекршило правилата на добра волја“, додаде тој.

Тој истакнува дека најдолгиот разговор го имал со словачкиот претседател Петер Пелегрини.

Тој се осврна и на економската состојба во Србија. „Нашата инфлација во јануари е 2,4 проценти, што значи дека е под контрола, односно на ниво на она што го бара Европа. Дали нашата стапка на раст ќе биде она што го очекуваме зависи од нашата работа. Ќе мора да работиме напорно и да се бориме“, кажа тој.

Вучиќ коментираше и за инцидентите кои се случија за време на протестите во Нови Сад. „Тие ја изгубија целата сила, целиот кредибилитет. Се обидоа да го уништат секој српски празник. Ја нападнаа Матица Српска минатата и оваа година. Полицијата ги бркаше оние што ја срушија оградата и се однесуваа на криминален начин“, тврди тој.

„Не сум донел одлука дали ќе го помилувам човекот што му удри шлаканица на демонстрантот. Тие дојдоа на тој митинг за да предизвикаат инциденти, подготвиле јајца, шиканираа луѓе. Имам прашање до обвинителството и судовите, кој беше одговорен, казнет и кој беше во затвор за она што се случи на 15 март, за тоа клоцање, го претепаа, па никој не одговараше“, кажа Вучиќ.

„Утре е важен ден за нас, сакам да ја претставам земјата на најдобар можен начин. Во ударниот термин, индиската Си-ен-ен емитуваше 15 минути разговор со мене, тоа е неверојатен успех, тоа е нашата Србија, тоа е од големо значење за нас“, заклучи тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ