недела, 5 април 2026

Вучиќ: Откривме експлозив кај гасовод, следува безмилосна пресметка (ВИДЕО)

Претседателот на Србија Александар Вучиќ денес изјави дека два големи пакети експлозиви се пронајдени во близина на клучната гасна инфраструктура во областа на општина Кањижа во северна Војводина, посочувајќи дека српските оружени сили успеале да спречат акција против виталните интереси на земјата, објави агенцијата Танјуг.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Пронајдоа два ранци, два големи пакети експлозиви со прачки. Имаме и некои други траги. Сега завршив со разговор со унгарскиот претседател Виктор Орбан за оваа вест, бидејќи доколку тука имаше прекин на гасот, Унгарија немаше да има гас и ние на северот од Србија немаше да имаме гас“, изјави Вучиќ за новинарите.

Тој кажа дека разговарал со Орбан по телефон и го информирал за истрагата. Како што тврди, станува збор за експлозив со разорна моќ што може да предизвика голема штета, пренесува Танјуг.

„Постојат одредени траги за кои не можам да зборувам. Има голема површина, има и големо езеро, па затоа бараа долго, долго време и хеликоптерските единици многу помогнаа. Но, очигледно светот, односно геополитичките игри нема да нè остават на мир и затоа мора да покажеме највисоко ниво на борбена способност“, порача Вучиќ.

„Ќе се справиме безмилосно со секој што ќе помисли да ја загрози виталната инфраструктура на Република Србија. Безмилосно“, нагласи Вучиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ