петок, 13 март 2026

Вучиќ: Откако сум јас премиер и претседател, Србија нема војни, конфликти ниту дестабилизација

Претседателот на Србија Александар Вучиќ синоќа изјави дека откако бил на позицијата премиер и сега кога е претседател, земјата не влегла во војна, нема конфликти и нема дестабилизација.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Јас мислам дека успеавме да го запреме и тој процес на понатамошно понижување на Србите во кој требаше само да кимнеме со главата и да се поклониме и да кажеме дека Косово е независно, а тоа не го направивме под речиси невозможни услови“, изјави тој за Радиотелевизија Србија.

По повод 23-те години од убиството на српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ во близина на влезот во зградата на српската влада на улицата Немањина во Белград, тој изјави дека бил клучна фигура покрај лидерите на тогашната Демократска опозиција на Србија, но дека тој ќе ги изгубел изборите во 2004 година.

„Ни потоа не можевме да видиме многу политики, многу планови, многу резултати, не е прашање дали можете да го промените лицето на земјата за две години, не можете ниту за 50, но можете да направите многу работи со кои можете да се пофалите“, оцени Вучиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ