„Сè што Пленковиќ кажува и прави мене ми е одамна логично. Долго време беше логично дека усташите се соодветна идеологија во Хрватска. Не заборавајте дека како претседател на Србија, сè уште не смеам и не можам да одам во Јасеновац да положам цвеќе, бидејќи тоа е еден ужасен злочин и ужасна провокација. Тогаш сè ви е јасно“, кажа Вучиќ, пренесува Танјуг.
Бед блу бојс’ истакнаа транспарент со усташкиот поздрав „За дом спремни“ и транспарент со прашањето „А што сега, градоначалниче?“, алудирајќи на неодамнешниот заклучок на Градското собрание со кој се повикува градоначалникот да преземе мерки за да се спречи употребата на фашистички и усташки симболи на сите површини и простори со кои управува Град Загреб.
Пленковиќ кажа дека, ако добро разбрал, транспарентот бил порака до градоначалникот на Загреб Томислав Томашевиќ. „Мислам дека пораката е логична, имајќи ја предвид целосната недоследност на Томашевиќ во врска со дозволувањето, односно недозволувањето на концертот на (контроверзниот хрватски усташки пејач) Марко Перковиќ Томпсон“, кажа Пленковиќ.
„Да се дозволи концерт во јули, откако Хиподром беше пребукиран во мај кога Томпсон првично побара концерт… Затоа, не беше можно да се помине низ Хиподром тие неколку месеци додека не завршија локалните избори. Потоа дозволи концерт во сабота, но не може да има концерт во недела. Нека оди во Истра и Вараждин и нека види како СДП и ИДС ја третираат истата тема“, му порача Пленковиќ на Томашевиќ.






