четврток, 8 мај 2025

Вучиќ: Обоената револуција во Србија заврши, шансата им беше на 15 март да бидам ликвидиран

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави денес дека студентите и граѓаните кои учествуваат во блокадите „ќе продолжат со насилството“ а дека државата „ќе го бира моментот кога ќе му стави крај на насилството“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Вучиќ за телевизија Пинк оцени дека државните органи во Србија се однесувале кон учесниците на блокадите „подемократски од 95 отсто или речиси сите земји од ЕУ и Европа во целина“.

„Никој од нас не се радува и не е садист за да сака некому со ќотек да му покаже кој е посилен. Се знае кој е најсилен во државата. Државата по дефиниција има монопол на физичката принуда но таа мора да биде демократска. Државата мора да го бира моментот и тој момент мора да биде последен во примената на сила. Ние ќе го чекаме последниот момент, а се надеваме дека таа сила никогаш нема да мора да ја примениме“, кажа претседателот на Србија.

Тој додаде дека „со сигурност“ може да каже дека „обоената револуција во Србија е завршена“.

„Нивната шанса беше на 15 март да бидам ликвидиран. Тоа попладне открив планови на некои криминални групи, не зборувам за студентите, кои работеле заедно со некои државни структури. Сега можам со сигурност да кажам дека обоената револуција е завршена а наше е што побрзо да се вратиме на патот на економскиот напредок“, кажа Вучиќ.

Тој оцени дека во Србија се одвива „бунт на богатите, привилегираните“ и дека на протестите и блокадите „нема сиромашни“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ