недела, 14 декември 2025

Вучиќ: Нема повторно да се кандидирам за претседател

Претседателот на Србија Александар Вучиќ денес на прес конференција изјави дека парламентарните избори во Србија ќе бидат распишани пред законскиот рок и дека „не му паѓа на памет“ да го менува уставот за да може повторно да се кандидира за претседател.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Дали ќе помогнам некому и ќе се борам за оние за кои мислам дека можат да ја водат Србија во иднина да постигнат успех на изборите? Секако ќе го направам тоа, а од која позиција, во овој момент, не е темата, ниту би можел јас да кажам“, кажа Вучиќ на конференцијата со австрискиот канцелар Кристијан Штокер во Белград.

Вучиќ кажа дека, „за среќа“, „ниту австриските новинари ниту блокадите“ не се одговорни за распишување на изборите, туку српските институции. Тој вели дека во согласност со уставот и законите, тие ќе распишат избори, веројатно пред законскиот рок.

Изборите ќе покажат што ќе каже народот, рече Вучиќ и додаде дека Србија се соочува со многу насилни протести, како синоќешните. Станува збор за протести каде што поддржувачите на Вучиќ ги нападнаа демонстрантите со огномет, иако српската полиција тврди дека демонстрантите биле тие што нападнале.

Вучиќ ги критикуваше австриските медиуми, велејќи дека во нивните извештаи за протестите во Србија „не може да се слушне поинакво мислење“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ