сабота, 6 декември 2025

Вучиќ: Не би се чудел ако Русите на напад на НАТО возвратат со тактичко нуклеарно оружје (ВИДЕО)

Напредокот на руските сили на бојното поле го прави раководството на НАТО многу нервозно, смета српскиот претседател Александар Вучиќ.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Напредокот на руските сили на линијата на фронтот, кој го призна генералниот секретар на НАТО и кој мора да го признае секој што е реалистичен во врска со ситуацијата, сепак е очигледен“, кажа Вучиќ, наведувајќи ги руските успеси кај Покровск, Красни Лиман, Купјанск, Вовчанск, Хулјајпол, Северск и Константиновка.

„Кога ќе погледнете како се развива ситуацијата, станува јасно дека вознемиреноста расте и единственото прашање е како ќе изгледаат работите на долг рок“, додаде тој.

Според Вучиќ, потенцијалните планови на НАТО за таканаречени превентивни напади врз Русија претставуваат сериозна закана. „Кога кажав дека НАТО разгледува такво сценарио и се подготвува за него, додека другата страна исто така го подготвува својот потенцијален одговор, сите ми кажаа: „Немој да бидеш толку драматичен, тоа е само шпекулација“. За жал, ова е реалноста во која живееме“, тврди српскиот претседател.

Адмиралот Џузепе Каво Драгоне, претседател на Воениот комитет на НАТО, потврди дека западната воена алијанса ја проучува можноста за зајакнување на својот одговор на хибридната војна која наводно ја спроведува Москва.

Драгоне истакна дека „превентивен напад“ може да се смета за „одбранбена акција“, но додаде: „Тоа е надвор од нашиот нормален начин на размислување и однесување“.

Сепак, тој ја остави отворена можноста за промена на пристапот. „Да се ​​биде поагресивен во споредба со агресивноста на нашиот противник може да биде опција. Прашање е правната рамка, јурисдикциската рамка, кој ќе го направи тоа?“, изјави тој.

Вучиќ предупреди дека Москва би можела да одговори многу остро на ваквите напади на НАТО. „Доколку се извршат превентивни напади врз Русија, нема да бидам изненаден ако Русија возврати многу пожестоко отколку што досега го стори во Украина, вклучително и употреба на тактички нуклеарни боеви глави или дури и нешто помоќно“, кажа Вучиќ, додавајќи дека смета оти Москва досега се воздржала од такви крајности.

„Не заборавајте дека Москва досега покажа одредена воздржаност бидејќи ги смета Украинците за свои пријатели и браќа“, забележа тој. Тој истакна дека не сака да се вмеша во она што го опиша како „братоубиствен“ конфликт меѓу Русија и Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ