вторник, 27 јануари 2026

Вучиќ: Не би исклучил Србија, БиХ и Македонија да влезат во ЕУ со Украина

Претседателот на Србија Александар Вучиќ не ја исклучи можноста земјите од Западен Балкан да станат членки на Европската Унија заедно со Украина по забрзана постапка, што е дел од процесот на кој се работи како дел од постигнувањето решение за прекин на војната во таа земја.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Вучиќ беше гостин во програмата на Федералната радиотелевизија на Босна и Херцеговина и кажа дека границите ќе станат помалку важни ако сите земји од Западен Балкан се приклучат „на Европската Унија или на некаков вид полу Европска Унија“. Тој објасни дека се разработува посебен пристап како дел од мировниот договор за Украина, за земјата да може да стане членка од 1 јануари 2027 година, што го оцени како можност за земјите од Западен Балкан кои се надвор од Европската Унија.

На прашањето дали таквото сценарио е реално, српскиот претседател одговори: „Не сум сигурен, но не би ја исклучил таа можност“.

Тврдењата дека пукал со снајпер по Сараево за време на војната ги нарече ноторни лаги, за што се води истрага во случајот наречен „Сараево сафари“.

„Ниту сум убивал, ниту сум пукал, ниту нешто слично на тоа“, кажа Вучиќ. Тој го нарече лажго и измамник новинарот Домагој Маргетиќ кој објави неколку документи за наводното учество на Вучиќ во тероризирање на граѓаните на Сараево.

„Домагој Маргетиќ е обичен измамник“, додаде тој и ги оцени неговите постапки како специјална војна против него и Србија.

Вучиќ потврди дека на почетокот на војната во Босна и Херцеговина работел како новинар и преведувач на српската телевизија во Пале, недалеку од Сараево.

Тој ги повика Бошњаците да не прават непријатели од Србите, велејќи дека односот меѓу двата народа е клучен за стабилноста на Балканот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ