Вучиќ на форумот „Белтокс: Белградски економски разговори “ изјави дека почнал да размислува за своето наследство и истакна дека нема да има промена на Уставот.
„Можам да бидам премиер, но за тоа ви е потребна јавна поддршка и јас треба да ја донесам таа одлука. И не е лесно за ниту едно прашање. Како што секогаш им велам на моите колеги, не бидете оптимисти, не го потценувајте противникот. Но, јас сум уморен и исцрпен и би сакал некој друг да ја врши таа работа во иднина“, кажа Вучиќ.
Тој се осврна и на достигнувањата за време на неговото владеење, нагласувајќи ја стабилната економска состојба.
„Но, за прв пат имаме стабилна економска состојба. За 10 години изградивме повеќе патишта отколку што се изградени од 1945 година. Имаме огромен број градилишта, Експо, работиме и на метрото. И кога ќе има промена на власта, луѓето на почетокот ќе бидат среќни, но потоа ќе сфатат колку било добро и колку сме се развиле“, кажа Вучиќ.
На крајот, тој заклучи дека е човек воден од убедувања и дека никој не може да го промени тоа.






