Тој изјави дека пресудата против Милорад Додик е нешто за кое Советот за национална безбедност ќе донесе заклучоци.
„Нашата земја и раководството се под голем притисок од странците. Тие сакаат да ѝ наредат на Србија како да реагира (во случајот со пресудата против Додик), а тоа ќе биде одлука на колективно тело, на орган. Додека дишам и додека капка крв ми тече низ вените, нема да дозволам од уста да излезе ниту еден пофален збор за пресудата против Додик“, кажа тој.
Можете да вршите колку што сакате притисоци, кажа Вучиќ, подобро е да престанам да живеам отколку да ги предадам сите мои верувања. „Срам ми е да ги слушам оние што зборуваат глупости за човековите права, и замислете ако осудевме политички лидер за вербален деликт, можете да замислите каква би била реакцијата на ЕУ. Нивната реакција е срамна“, оцени Вучиќ.
Тој нагласи дека ќе има многу разговори со светски лидери за кои нема да ја информира јавноста, бидејќи сите ќе знаат која е темата.
Вучиќ најави дека ќе има важен разговор со светски лидер во 19 часот, но не сакаше да каже за кого станува збор.
Важно е да се поканат сите граѓани на Србија, Белград и патриоти да дојдат во Сремски Карловци во недела, 3 август, за да ја одбележиме годишнината од злосторничката операција „Олуја“.
„Не знам дали Додик ќе дојде“, кажа Вучиќ.






