„Се викам Александар Вучиќ и јас сум горд претседател на Србија. Нема да ми каже хрватскиот претседател или некој друг што ќе зборувам. Сакаме и ќе имаме мир и многу подобри односи со нив, иако ми кажаа секакви гадости“, кажа тој.
Вучиќ наведе дека го избрал патот на мирот и стабилноста за Србија и дека за тоа кој ќе ја води земјата ќе одлучува народот, а не некој друг. „Ве молам да им пружите рака на сите на секое место, да покажете дека сакаме обединета Србија. Ние ги чуваме мирот и стабилноста, ги зајакнуваме нашите капацитети за одвраќање, ја градиме Србија, остваруваме економски напредок“, додаде тој.
Милановиќ кажа дека „веќе еднаш го предупредил Вучиќ дека меморандумот на Хрватска, Албанија и Косово за соработка во областа на војската го потпишал министерот, и тоа не е никаков воен сојуз“.
„Еве ви го пред два дена ви зборува за планот на Хрватска, Косово и Албанија да ја нападнат Србија. Тој е доста интересен човек. Како да нападнеме? Со што? Немаме војска за тоа. Можете да ми верувате на збор, на крајот на краиштата, јас одлучувам за тоа. Тоа не е добро да се чуе, и покрај тоа што е глупаво“, кажа Милановиќ.






