недела, 14 декември 2025

Вучиќ: Милијарди се вложени во уривањето на Србија

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека оние кои мислат дека ќе ја соборат Србија гадно се залажуваат.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Сега дури и не знаат како да завршат, не знаат како да кажат дека не успеале, а не успеале, не знаат како да кажат затоа што милијарди беа вложени за уништување на државата“, рече Вучиќ на церемонијата на отворање на туристичкиот комплекс и спомен-паркот „Драган Марковиќ Палма“ во Јагодина.

„Србинот знае што е држава, Србинот не ја дава својата држава, кога ќе види дека државата му е нападната. Затоа овие од страна што го организираа сето ова никогаш не сфатија“, додаде тој.

Вучиќ истакна дека кога „Србинот чувствува дека неговата земја е нападната, и тој ја брани со сите средства“.

„И ние ќе ја браниме нашата земја со сите средства“, порача тој.

Коментирајќи ги настаните во Ужице, каде имаше судир на демонстрантите и полицијата, тој кажа дека во секоја земја мора да има еднаквост пред законот.

„Законот е важен за сите, како што е важен за мене, а исто така е важен и за адвокатите. Како тоа адвокатите имаат право да тепаат полицајци, да ги пробиваат кордоните? Бидејќи сте адвокат, имате право да го окупирате државниот пат, главниот правец, Златибор, Белград. Имате право, затоа што сте адвокат. Па, ако не ви се допаѓа, тогаш ќе протестирате за нешто. Протестирајте, баш ми е гајле. Еве, има еден глупав политичар, како Александар Вучиќ, на кого не му е гајле што протестирате. Можете да протестирате колку сакате. И тука доаѓаме до вашето второ прашање“, одговори тој на прашањето за приведувањата на блокадите.

Тој истакна дека никој не може да поверува дека полицијата претепала 3-годишно дете.

„Замислете да одите и да земете тригодишно дете со вас, да се борите против полицијата, детето да ви биде штит. И да кажете дека сакам така, а во исто време да се согласувате дека некој го нападнал тоа дете, а не кажувате дека вие сте ги нападнале полицајците. Ова се наши браќа, сестри, татковци и мајки, вредни луѓе кои работат напорно за да си ја заработат платата. И уште сакате да ги тепате. Тоа магаре анестезиолог кој ги претепа полицајците со стап, уште е ослободен. Не ни забележавте што направија со Јаќимовиќ, возачот на камион кого го наговараа да се самоубие. Му дадоа бензин, сакаа да го убијат само за да почнат револуција. Имаме работа со монструми“, додаде тој.

Вучиќ истакна дека на вчерашните блокади на патиштата од 2 до 3 часот немало луѓе: „Компир“.

„Не ви успеа затоа што не ја дава Србинот сопствената земја. Србинот сака да критикува сè, на еден или друг начин, но кога станува збор за уништување на неговата земја, не ја дава Србинот земјата, особено не на најлошите“, заклучи Вучиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ