„Би сакал тоа да бидат луѓе во кои имам доверба, во смисла да знам дека нема да ја уништат Србија, а ќе ја прифатам кандидатурата само ако истражувањата покажат дека нема друго решение и дека некои други, токму оние кои извршија образовен геноцид и злосторство и многу други работи против нашата земја, би победиле ако не се кандидирам“, порача Вучиќ.
„Значи, многу рационален одговор, немам што друго да кажам за тоа прашање и соодветно, кога ќе ги слушнеме сите други луѓе, ќе донесеме одлука“, изјави Вучиќ за телевизија Информер.
Вучиќ ја вршеше функцијата премиер и претседател, секоја по два мандата.
Претседателката на парламентот Ана Брнабиќ изјави дека владејачката Српска напредна партија ќе побара од Вучиќ да биде кандидат за премиер на вонредните парламентарни избори.
Со оглед на тоа што Уставот на Србија не му дозволува да се кандидира за трет претседателски мандат, тој потег се смета за начин да остане на власт по завршувањето на неговиот мандат.
Вучиќ најави можност за одржување вонредни парламентарни избори, а најрано што можат да се одржат е 31 мај 2026 година.






