петок, 12 декември 2025

Вучиќ: Ќе направиме сè нашата војска да биде доволно силна, Хрватска драматично брзо се вооружува

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска, за време на посетата на касарната „Мија Станимировиќ“ во Ниш, изјави дека ќе се направи сè за Војската на Србија да биде доволно силна и да остане одвраќачки фактор за секој потенцијален агресор.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Хрватската војска е исклучително силна, многу респектабилна сила во регионот, и се вооружува со драматична брзина. Ние не сакаме толку многу да зборуваме за вооружувањето, но знам што сè треба да направиме за сите оние што создаваат непринципиелни воени сојузи во нашето опкружување да бидеме тврд орев и секогаш да го имаме тој вид одвраќачки ефект и да го зачуваме мирот“, рече Вучиќ, коментирајќи ги изјавите од Хрватска за набавката на француските авиони „рафал“ за Војската на Србија.

Тој додаде дека „геополитичката состојба во светот е зовриена и дека ситуацијата во регионот не е лесна“, но истакна дека „пополнетоста на нашите единици е подобра отколку во претходните години, а приливот на војници е поголем од одливот“.

„Оваа и следната година тој ќе биде значително поголем и поради измените на законите, со кои се овозможува професионалните војници да добијат договори на неопределено време. Во исто време, сè подобрите плати ги привлекуваат луѓето во војската, како и патриотскиот однос кон најпопуларната институција во државата“, наведе Вучиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ