недела, 7 декември 2025

Вучиќ: Изборите во 2026 ќе бидат најважните во модерната историја

Српскиот претседател Александар Вучиќ порача во Зрењанин дека изборите во 2026 година ќе бидат најважните избори во модерната иднина на Србија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Вучиќ на одбележувањето на 17 години од основањето на Српската напредна партија (СНС), чиј сега е член, не прецизираше кога тие избори ќе бидат распишани.

Тој кажа, критикувајќи ја опозицијата, дека на тие избори ќе се бира помеѓу неутралноста на економскиот развој и погледот во иднината на државата и враќањето во минатото.

Вучиќ истакна дека денес некои во Стразбур велат дека тој е виновен за сè, го обвинуваат дека користел звучен топ, Чациленд (движењето на контрадемонстрантите) и дозвола за прелетување на авионот на рускиот претседател на патот кон Будимпешта.

„Чациленд е единствената јавна секојдневно присутна точка на отпор кон илјадниците места кои ги окупираа и блокираа. Не им пречат десетиците и стотиците блокирани факултети и школи, тоа што децата не одат на училиште, но им пречи еден мал парк кој е зачеток на отпорот кон окупацијата и уништувањето на Србија“, оцени Вучиќ.

Студентите демонстранти и граѓаните што ги поддржуваат веќе неколку месеци бараат распишување вонредни парламентарни избори.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ