четврток, 8 јануари 2026

Вучиќ: Изборите ќе бидат во октомври, ноември или декември

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека оваа година ќе биде тешка во политичка смисла бидејќи е изборна година и дека вонредните парламентарни избори ќе бидат организирани во октомври, ноември или декември.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тој за телевизија Инфиормер изјави дека датумот на изборите зависи од договорот на политичките актери, доколку, како што изјави, тие сакаат да се договорат.

Студентите кои организираат блокади веќе долго време бараат распишување вонредни парламентарни избори, додека дел од опозицијата смета дека Вучиќ не ги распишува затоа што се плаши да не ја изгуби власта.

На претходните повици на претседателот на Србија за разговор на разни теми студентите демонстранти и опозицијата одговорија негативно.

Вечерва Вучиќ повтори дека оваа година ќе биде најуспешна во економска смисла.

Според него, важно е за народот на Србија да се зачуваат мирот и стабилноста и да се „обединиме“.

„Кога велам обединете се, не мислам на политички партии, бидејќи тоа никогаш нема да биде можно, туку луѓето да почнат да размислуваат за својата земја, да се борат, да ги бранат нашите вредности, кои се демократски вредности на една нација што гради држава“, порача Вучиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ