петок, 13 јуни 2025

Вучиќ: Избори ќе има во следните година и пол, кога надлежните институции ќе донесат одлука

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави денес дека избори ќе има „во следните година и пол“, а дека ќе бидат распишани кога „надлежните институции ќе донесат одлука за тоа“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Вучиќ кажа дека до сега ниедна „надлежна“ институција не добила барање за распишување вонредни избори, ни во пишана ни во усна форма.

„Секогаш сум спремен да ги разгледаме сите барања. Избори ќе има во следните година и пол кога надлежните институции ќе донесат одлука за тоа, а не ненадлежни организации кои немаат никакви прерогативи на власт да одлучуваат за тоа“, кажа Вучиќ во Тирана.

Претходно одделни студенти кои протестираат најавија радикализација на протестите доколку вонредни избори не бидат распишани до средината на мај.

„Што се однесува до радикализацијата, секој со своето. Колку ги има помалку, нервозата ќе биде сè поголема. Уште на 11 декември кажав дека нема да се прифати исполнување на барањата, дека се тоа само трикови и дека зад тоа се крие политика и обоена револуција. Сега сфативме дека сето тоа било политика“, кажа Вучиќ.

Тој оцени дека станува збор за „соголена, политика од најлош вид“ која, според него, влегла на факултетите во Србија.

„На факултетите не смее да има политика, сè што прават е спротивно на законот“, додаде Вучиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ