понеделник, 15 декември 2025

Вучиќ: Има луѓе во Србија кои попрво би ги бранеле Русите отколку Србите

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Србија нема да воведува санкции кон Русија и ќе се држи до својата досегашна политика, и покрај различните најави од владата. Вучиќ рече дека српските граѓани го поддржуваат таквиот курс бидејќи тоа е „политика на независна и суверена држава“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Ќе продолжиме со нашата политика, која беше принципиелна и која досега се покажа како правилна, а никому не му се допаѓаше, ниту на оние на Запад ниту на оние на Исток“, нагласи Вучиќ.

Реакција на Вучиќ уследи по интервјуто на министерот за европски интеграции Немања Старовиќ за австриската агенција АПА. Старовиќ посочи дека Србија би можела да размисли за усогласување со санкциите на ЕУ против Русија откако нејзиното членство во Унијата ќе стане неизбежно.

Тој објасни дека одбивањето да се воведат санкции произлегува од економска неопходност, а не од политичка лојалност кон Москва. „Русија воопшто нема да биде погодена, но српската економија ќе биде погодена во огромна мера“, рече Старовиќ. Сепак, претседателот Вучиќ ги отфрли изјавите, нарекувајќи ги „непромислени“.

„Жал ми е што некои од нашите пријатели во руските медиуми се желни да најдат нешто за што ќе ја критикуваат Србија. Исто така, жал ми е што и на нашата домашна политичка сцена имаме многу луѓе кои попрво би ги бранеле Русите отколку Србите. Морам да ги разочарам: Србија нема да ѝ воведе санкции на Русија“, рече Вучиќ.

Србија, која е официјален кандидат за членство во ЕУ од 2012 година, долго време се бори да балансира меѓу Западот и Русија. Напредокот во преговорите со Брисел е забавен поради загриженоста за состојбата на демократијата и постојаните тензии со Косово. Во мај, руското разузнавање ја обвини Србија дека испорачува оружје на Украина, тврдење што Белград го негираше. Сепак, истрагата на Фајненшл тајмс покажа дека српската муниција стигнува и до украинските сили преку трети страни.

Соочен со зголемен притисок, Вучиќ на 23 јуни објави дека Србија го суспендира целиот извоз на оружје, повикувајќи се на националната безбедност и економски причини. Порано истиот месец, тој ја посети Украина, каде што понуди помош во повоената обнова на самитот во Одеса, но одби да потпише декларација со која се осудува руската агресија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ