„Зошто нашите соседи не сакаат да бидеме во ЕУ? Причината е едноставна. Тие мислеа дека во моментот кога ќе се приклучат на Европската Унија и НАТО и кога на власт во Србија беа оние кои не се однесуваа, да кажеме, домаќински кон својата земја, дека сè е готово и дека тие стануваат доминантна сила од Триглав до Истанбул на различни начини, а секако и во областа до Бугарија и Грција“, кажа Вучиќ, објавија српските таблоиди.
„Откако Србија се издигна, буквално како феникс од пепелот, се разбуди и стана посилна, тие сакаат да ја ограничат силата на Србија. И нема голема филозофија. Затоа се здружени со Приштина, Тирана и со сите други“, кажа Вучиќ.
Зборувајќи за отворањето на Третиот кластер во преговорите за пристапување на Србија кон ЕУ (пакет од осум поглавја поврзани со медиумите, социјалната политика и вработувањето, претприемништвото и индустријата, образованието и културата и царинската унија), Вучиќ кажа дека не е оптимист.
„Направивме сè, се обидовме, кога се донесе одлуката кластерот да не се отвори, тогаш подобро Ана Брнабиќ да ви каже зошто тоа не се случи. Јас би бил најсреќен ако се отвори“, кажа Вучиќ.






