сабота, 12 јули 2025

Вучиќ го прекина извозот на оружје откако Русија ја прозва Србија дека ѝ продава оружје на Украина

Министерството за одбрана на Србија објави дека „во согласност со упатствата на претседателот на Републиката, врховниот командант на српските вооружени сили и претседателот на Советот за национална безбедност, Александар Вучиќ, извозот на оружје и воена опрема произведена во Република Србија е суспендиран“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Во иднина, за извоз на оружје и воена опрема произведена во фабриките на одбранбената индустрија, покрај согласноста од другите надлежни министерства и агенции, согласноста од Советот за национална безбедност ќе биде задолжителна во согласност со член 16, став 4 од законот за извоз и увоз на оружје и воена опрема“, се вели во соопштението за медиумите објавено на сајтот на министерството.

Иако не е наведено во самото соопштение за медиумите, се претпоставува дека оваа одлука следува по разните информации кои во текот на денот се појавија за продажба на оружје произведено во Србија на купувачи во Украина и Израел.

Имено, Службата за надворешно разузнавање на Руската Федерација, како што објавија претходно денес медиумите, во текот на денот објави дека, според информациите што ги добила, украинската армија им е многу благодарна на српските производители на оружје и муниција за нивниот придонес во одржувањето на борбената готовност на украинските вооружени сили.

Од друга страна, претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ, синоќа, во врска со критиките кон властите за извоз на оружје во Израел, изјави дека „и е жал за војните“, но дека Србија мора да го продава оружјето и муницијата кои ги произведува.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ