Во видеото за изборите, кои денес беа распишани за 12 април, Орбан е поддржан од премиерите на Италија, Чешка и Израел – Џорџа Мелони, Андреј Бабиш и Бенјамин Нетанјаху. Меѓу политичарите се и опозициските лидери од екстремната десница: копретседателката на Алтернатива за Германија (АфД) Алис Вајдел, лидерката на француската партија Национален собир Марин Лепен, претседателот на шпанската партија Вокс Сантијаго Абаскал Конде и претседателот на Партијата на слободата на Австрија Херберт Кикл.
Thank you for your support! @MorawieckiM, @RobSchneider, @GiorgiaMeloni, @predsednikrs, @MLP_officiel, @matteosalvinimi, @AndrejBabis, @JMilei, @Alice_Weidel, @Santi_ABASCAL, @netanyahu, @herbert_kickl pic.twitter.com/7JI021IgRq
— Orbán Viktor (@PM_ViktorOrban) January 11, 2026
Во промотивното видео на партијата Фидес на Орбан, се појавуваат аргентинскиот претседател Хавиер Милеи, потпретседателот на италијанската влада и лидер на националистичката партија Лига Матео Салвини, и поранешниот полски премиер Матеуш Моравјецки, кој сега е претседател на Партијата на европските конзервативци и реформисти.
Видеото, кое Орбан го објави на социјалната мрежа Икс, почнува со говор на американскиот актер и комичар Роб Шнајдер, кој прво го поддржа Роберт Кенеди Помладиот, сега министер за здравство, а потоа и републиканскиот кандидат Доналд Трамп на изборите во САД во 2024 година.
Во видеото Вучиќ вели: „Се надевам дека следните избори ќе значат многу за сите нас, што значи дека ќе бидеме сведоци на уште една победа на Фидес“.
Унгарскиот претседател Тамаш Сулјок денес објави дека парламентарните избори ќе се одржат на 12 април. За прв пат откако се врати на власт во 2010 година, Орбан се соочува со силен предизвикувач, Петер Маѓар, чија конзервативна Партија на почитта и слободата (Тисза) води пред Фидес во повеќе анкети.
Маѓар, поранешен долгогодишен член на Фидес на Орбан, ветува дека ќе ја зајакне независноста на судството, ќе се бори против корупцијата и ќе им обезбеди на гласачите јасна алтернатива на сегашната влада.






