Тој додаде дека му е многу жал што наши луѓе им посветиле толку внимание на оние кои дошле, нарекувајќи ги европратениците сосема неважни луѓе.
„Тие јадат, не престануваат, не слушаат што им кажува опозицијата. А им кажуваат сè најлошо за Србија“, изјави Вучиќ за телевизија Прва, наведувајќи дека барањето на опозицијата за воведување персонални санкции е посебна дрскост.
Како што наведе, „тие не можат да се одвикнат од времето на ДОС кога беа тинтрани, и баш ми е гајле што кажуваат, овој народ има рбет“, истакнувајќи дека не му е дозволено да го посети хрватскиот концентрационен логор Јасеновац.
За барањето на опозицијата да биде уапсен поради зградата на Генералштабот, тој кажа дека нема да дозволи (министерот Никола) Селаковиќ да трпи санкции и додаде „Јас сум виновен, нека ме гонат, сонувам да бидам жртва на прогонувачи“.
Тој кажа и дека не барал од поранешната директорка на Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата, Дубравка Ѓукановиќ, да поднесе оставка, туку да биде разрешена, бидејќи таа била „крадливка која и местела зделки на ќерка си“.
Побарал, како што кажа, што поскоро да се донесе специјален закон за Генералштабот за да нема проблеми, наведувајќи дека се е чисто и дека не е земен ни динар, туку се изгубиле многу пари од таа инвестиција.






