петок, 30 мај 2025

Вучиќ: Државата презема сè што беше можно за трагедијата во Нови Сад

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека државата презела сè што било можно поради трагедијата на Железничката станица во Нови Сад.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Во смисла на кривично-правна одговорност, морална одговорност, политичка одговорност. Многумина забораваат зошто падна владата на Србија, тоа го покажува врвот на моралниот пристап на претседателот на таа влада Милош Вучевиќ“, кажа тој обраќајќи им се на српските медиуми од Соединетите Американски Држави.

Вчера се одбележаа шест месеци од уривањето на стреата во Нови Сад, кога настрадаа 16 лица.

Спомнувајќи ги студентските блокади, Вучиќ кажа дека „присуствуваме на злосторство на разбивање на Србија, терор без преседан кој почна на 3 ноември во Нови Сад“.

„Денешните тажни собири покажуваат дека нивното време одамна помина и сега доаѓа време за одговорност“, кажа Вучиќ и истакна дека „нема да има преодна влада“.

Вучиќ денес во САД има состаноци со високи американски функционери, а некои од темите ќе бидат царините кои американскиот претседател Доналд Трамп претходно ги воведуваше, санкциите за НИС, како и стратегиските проекти на Србија и Америка.

„На Србија ѝ е многу важно тие царини за нашата земја да не постојат и се надевам дека во следните месеци ќе постигнеме добар резултат“, додаде српскиот претседател.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ