понеделник, 19 мај 2025

Вучиќ допатува во Москва: Горд сум на антифашистичката борба на мојот српски народ

Претседателот на Србија Александар Вучиќ допатува во Москва, пренесува Радиотелевизија Србија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Вучиќ со авион преку Баку стигна во Москва каде ќе присуствува на Парадата на Победата на Црвениот плоштад.

Авионот со кој Вучиќ тргна во Москва слета прво во Баку, каде чекаше дозвола за продолжување на летот поради борбените дејства меѓу Русија и Украина.

Сите земји претходно дале дозвола за летот, но во Азербејџан се чекала дозвола за продолжување поради борбените дејства, јави Танјуг.

„По многу години, повторно во Москва. Горд сум на антифашистичката борба на мојот српски народ и благодарен за огромната помош која ја имавме од Црвената армија при ослободувањето на Србија“, напиша Вучиќ на социјалната мрежа Инстаграм.

Русија на 9 мај одбележува 80 години од победата над фашизмот во Втората светска војна со парада на Црвениот плоштад во Москва и низа други манифестации. Се очекува присуство на триесетина светски лидери.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ