петок, 5 декември 2025

Вучиќ: Додека сум на чело на Србија нема да има војна, и покрај провокациите од регионот

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека речиси и да нема можност земјата да влезе во војна додека тој е на чело на неа, и покрај „провокациите и лагите“ од регионот.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Додека сум на чело на Србија, има многу мали шанси, речиси никакви, дека ќе имаме воени конфликти, без оглед на сите провокации од регионот и сите лаги, без оглед на воените сојузи кои ги прават Приштина, Тирана, Загреб и другите. Тие немаат доволно сила да ја загрозат Србија“, изјави Вучиќ за Пинк.

Вучиќ повтори дека Србија ја зајакнува војската за да одврати потенцијален агресор, а не затоа што се подготвува за војна.

„Нашите деца не гинат, додека гинат нечии други деца. А нечии деца се подготвуваат да гинат во иднина, се подготвуваат за војни. Ние во Србија не се подготвуваме за војни, ја зајакнуваме војската за да го одвратиме секого“, порача Вучиќ.

Зборувајќи за европската интеграција на Србија, Вучиќ кажа дека не е оптимист во врска со отворањето на Кластерот 3 (Конкурентност и инклузивен раст) во преговорите со Европската Унија до крајот на годината.

„Ќе биде добра вест ако тоа се случи. И кога ќе се донесе одлука дека тоа не се случило, подобро е (претседателката на Собранието) Ана Брнабиќ да ви каже зошто тоа не се случило“, додаде Вучиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ