среда, 14 јануари 2026

Вучиќ: Борбата околу Гренланд нема да биде лесна (ВИДЕО)

Српскиот претседател Александар Вучиќ ја коментираше моменталната ситуација околу Гренланд за време на неговото гостување во новогодишна телевизиска емисија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Што ќе се случи со Гренланд, дали ќе се крене врева околу тоа?“, праша водителот Огњен Амиџиќ, на што Вучиќ потврдно климна со главата.

„За луѓето кои не знаат, според потврдените резерви, Гренланд има околу 13 проценти од светската нафта, 30 проценти од светскиот гас, имаат ретки метали и минерали, тие се многу богати. Знаете дека Русија, според својата позиција, контролира 45 проценти од арктичката територија, а Америка може само со Гренланд да влезе во играта со 10 проценти контрола“, кажа Вучиќ.

„Тоа е голема борба, нема да заврши лесно. Не мислам дека може да има конфликт, јасно е кој е супериорен, но ќе има вербални конфликти, нема сомнение за тоа. Се води голема стратегиска борба и нема да биде лесна“, нагласи тој.

За време на неговиот прв мандат, американскиот претседател Доналд Трамп отворено го изрази својот интерес Соединетите Американски Држави да го преземат или купат Гренланд, автономна територија која е дел од Данска, што Копенхаген решително го отфрли.

Гренланд е стратегиски исклучително важен поради неговата локација на Арктикот, природните ресурси и воената инфраструктура, вклучувајќи ја и американската база Туле. Трамп и неговите сојузници тврдат дека американската контрола врз Гренланд е клучна за националната безбедност на САД и ограничувањето на руското и кинеското влијание на Арктикот.

Данска јасно стави до знаење дека Гренланд не е на продажба и дека иднината на територијата може да ја одлучат само нејзините жители. Гренландските власти исто така ја отфрлаат идејата за американско преземање, но во исто време го користат интересот на Вашингтон за да ја зајакнат својата преговарачка позиција кон Данска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ