Во интервју за телевизијата Информер, Вучиќ кажа дека резултатите од неодамнешните локални избори во десет градови и општини покажале дека студентските листи немаат значителна поддршка од гласачите.
„Сè ќе биде мирно, сè ќе биде во ред, немаат шанси. Фактот дека некој е лут е израз на целосна беспомошност и очај. Изборите ќе бидат распишани до крајот на годината, можеби дури и до Видовден. Тие ги побараа, ќе видиме кога ќе се одржат. Што ќе каже народот, тоа и ќе биде – „vox populi, vox dei“, кажа Вучиќ.
Тој додаде дека претставниците на студентските листи не ги објавиле резултатите во ниту една од локалните заедници во кои учествувале на изборите, оценувајќи дека не се подготвени за изборниот процес.
Вучиќ кажа и дека Советот на Европа и Европската Унија реагирале на инцидентите за време на локалните избори, но не ги именувале одговорните за насилството.
Кога некои медиуми објавија дека е во паника, Вучиќ одговори дека целта на неговото обраќање е да ги смири граѓаните.
Тој порача дека надлежните органи ќе продолжат да си ја работат својата работа и дека граѓаните наскоро ќе бидат информирани за дополнителни информации за, како што ги нарече, скриени детали поврзани со настаните за време на изборите.






