четврток, 8 јануари 2026

Вучиќ: Ако САД го заземат Гренланд, Србија нема да се вклучува во војни, ниту ќе дава тешки изјави

Доколку Соединетите Американски Држави го окупираат островот Гренланд, автономна територија на Данска, Србија ќе биде на страната на почитување на меѓународното јавно право, односно територијалниот интегритет, но нема да се вклучува во никакви конфликти и војни, ниту пак ќе дава тешки изјави, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Вучиќ за српските медиуми изјави дека „добро ги разбира“ интересите на САД, дека „добро ги проценил“ можните последици и дека проценува дека 2026 година ќе биде „економски веројатно најдобрата“ година во историјата на Србија, а политички „една од најтешките“.

„Пандорината кутија е отворена. Данска, Франција и Англија сега велат дека територијалниот интегритет и Повелбата на Обединетите нации мора да се почитуваат. Навистина? Освен во случајот со Србија – кога Србија требаше да биде згазена, никој не се грижеше за Повелбата на ОН, а денес тие се држат до неа затоа што се загрозени“, кажа Вучиќ во врска со воената акција на САД во Венецуела на 3 јануари, за време на која американските сили го заробија претседателот на земјата Николас Мадуро.

Вучиќ ги критикуваше европските земји кои ги осудуваат најавите за окупацијата на Гренланд од страна на САД, велејќи дека „тие барем можеа да ѝ се „извинат“ на Србија за она што го направија на Косово и Метохија“, осврнувајќи се на поддршката за еднострано прогласената независност на Косово.

„Колку чудно, погрешно и глупаво звучи сега кога зборуваат за Повелбата на ОН и територијалниот интегритет, наводно напаѓајќи ги Американците. А кога ни го направивте тоа, што кажавте тогаш“, искоментира Вучиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ