среда, 25 март 2026

Вучиќ: Ако дојде до крај на светот, нема да има сомнеж дека крајот почна на 24 март 1999 (ВИДЕО)

Претседателот на Србија Александар Вучиќ вчера во Врање изјави, на одбележувањето на 27-годишнината од бомбардирањето на СР Југославија од страна на НАТО, дека секоја војна што се води во светот, „како и секое насилство и поништување на принципите и законите, не почна вчера, туку со нападот на 24 март 1999 година“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тој тврди дека тоа е денот кога „им беше отсвирен крајот на меѓународното право и ред, вистината и правдата “.

„Секоја војна што продолжува во светот, секое насилство денес, поништувањето на принципите и законите денес, сето тоа не почна вчера, туку почна на 24 март 1999 година. И ако некој денес праша зошто се крши меѓународното право, единствениот точен, единствениот правилен одговор е поради дозволата што е издадена за тоа на 24 март 1999 година“, кажа Вучиќ на платото пред Галеријата на Националниот музеј во Врање, пренесе Танјуг.

Тој истакна дека одговорот на прашањето зошто денес се одземаат територии од некои земји, кршејќи го нивниот територијален интегритет и суверенитет, е дека тоа е „поради практиката што беше воведена на 24 март 1999 година“.

„Зошто редот се спроведува со сила и бомби? Зошто убиства на службеници и цивили, зошто уништување на инфраструктурата, уривање на цели градови, зошто јавно пукање врз целото човештво и емпатија? Постои само еден одговор: поради 24 март 1999 година“, кажа Вучиќ.

Тој нагласи дека тоа не е само денот кога започна бомбардирањето на слободна суверена земја, туку и денот кога на меѓународното право и ред, вистината и правдата, сочувството и човечноста им беше отсвирен крај.

„Денот кога светот го почна своето, можеби конечно, уништување. И ако тоа се случи утре, ако сме опкружени со урнатините на цела цивилизација, нема да има сомнение, тој крај почна на 24 март 1999 година“, забележа тој.

На одбележувањето на годишнината од бомбардирањето на НАТО присуствуваа официјални лица на Србија и Република Српска, патријархот на Српската православна црква Порфирие и голем број граѓани.

На 24 март 1999 година почна бомбардирањето на тогашната Сојузна Република Југославија, составена од Србија и Црна Гора, кое траеше 78 дена. Главната цел на операцијата официјално беше да се запре хуманитарна катастрофа во Косово.

Акцијата на НАТО заврши по потпишувањето на Воено-техничкиот договор во близина на Куманово на 9 јуни 1999 година, за повлекување на југословенската армија и полицијата од Косово.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ