среда, 10 декември 2025

Вучиќ ѝ предлага на ЕУ: Примете го целиот Западен Балкан одеднаш

Претседателот на Србија Александар Вучиќ најави дека ќе им предложи на лидерите на Европската Унија целиот Западен Балкан истовремено да биде примен во членството. Тој ќе ја презентира својата идеја утре во Брисел на состанок со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен и претседателот на Европскиот совет Антонио Косша.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Зборувајќи на форумот Белтокс – Белградски економски разговори, Вучиќ нагласи дека заедничкиот пристап е клучен за стабилноста. „Влезот на Западен Балкан во целост во ЕУ е најдобрата идеја. Ако некој е отсутен, што ќе правите со тие земји? И знам дека сите зборуваат за усогласување, но не станува збор само за иднината на регионот, туку за иднината на Европа“, кажа Вучиќ.

Тој додаде дека верува оти таквата одлука би имала позитивен ефект врз сите. „Ако нè прифатат сите заедно, без исклучок, сите ќе се чувствуваат подобро, и Албанците и Босанците… Слушам само добри реакции на оваа идеја и тоа ќе им го кажам на Антонио Кошта и Урсула фон дер Лаен“, кажа тој.

Вучиќ истакна дека Србија „веќе направила многу работи“, но исто така призна дека „мора да напредува на својот пат кон ЕУ“.

Тој потврди дека утре ќе има „голем и важен состанок“ во форма на вечера организирана од претседателот на Европската комисија, на која гостин ќе биде новиот претседател на Европскиот совет, Антонио Кошта.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ