сабота, 24 мај 2025

Втор борбен авион Ф-18 паднал од американски носач во морето за една недела

Втор борбен авион на американската војска е изгубен во Црвено море од носачот на авиони УСС Хари Труман, пренесува Индипендент, повикувајќи се на американски извори. Пред осум дена од истиот носач друг авион заврши во морето.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Пилотот и офицерот за оружени системи биле принудени да се катапултираат откако ловецот Ф/А-18 „супер хорнет“ не успеал да се закачи за сајлата при слетувањето на носачот во 21:45 часот синоќа. Двајцата американски воздухопловци го преживеале инцидентот, но со полесни повреди.

Изворите тврдат дека јеменските хути повторно го гаѓале носачот на авиони вчера и покрај тоа што американскиот претседател Доналд Трамп неколку часа претходно најави прекин на борбените дејства со групата поддржана од Иран.

Носачот Хари Труман, чија база е во Норфолк, во американската сојузна држава Вирџинија, е распореден во Црвено Море од пред осум месеци за да ги штити западните бродови од нападите на хутите.

Еден воен функционер кажал дека куката на опашот не успеала да се закачи за сајлата, што оневозможило навремено кочење на авионот. Авионот продолжил да се движи кон прамецот и потоа паднал во морето, јавува Ен-би-си.

Авионот не е најден, а истрагата е во тек. Осум дена претходно друг борбен авион, Ф/А-18Е „супер хорнет“, вреден 67 милиони долари, падна во морето од носачот и се смета за изгубен.

Изворите не кажале дали двата инциденти со борбените авиони се поврзани.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ