среда, 11 јуни 2025

Врховниот суд му дозволи на Трамп да депортира стотици илјади Венецуелци

Врховниот суд на Соединетите Американски Држави вчера пресуди дека стотици илјади венецуелски мигранти, кои претходно беа заштитени од депортација, може да бидат отстранети од земјата, потврдувајќи го барањето на администрацијата на претседателот Доналд Трамп да се укине политика на нивна привремена заштита.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Според медиумските извештаи, одлуката се однесува на околу 350.000 Венецуелци на кои им е дозволено да останат во Соединетите Американски Држави според политиката воведена од администрацијата на поранешниот претседател Џо Бајден. Тие добија заштита поради политичката и економската нестабилност во Венецуела предводена од претседателот Николас Мадуро.

Министерката за внатрешна безбедност на САД Кристи Ноем во февруари објави дека заштитата за одредена група венецуелски мигранти ќе заврши на почетокот на април. Федерален судија во Сан Франциско го блокираше потегот, што ја поттикна администрацијата на Трамп да поднесе жалба до Врховниот суд.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ