„Американците дури ги предаваат и своите сојузници. Тие ја штитат криминалната банда што владее со Палестина“, му порача Хамнеи на народот преку телевизија, алудирајќи на американската поддршка за Израел, непријателот на Техеран.
Иран и САД, непријатели повеќе од четири децении, во април започнаа преговори за иранската нуклеарна програма – извор на постојана напнатост меѓу Техеран и Западот, со посредство на Султанатот Оман.
Западните земји и Израел, заколнати непријатели на иранскиот режим, тврдат дека Иран се обидува да произведе нуклеарно оружје, но Техеран жестоко го негира тоа и тврди дека нуклеарната технологија ја развива исклучиво за цивилни цели.
Разговорите беа прекинати по ненадејниот напад на Израел врз Иран на 13 јуни, кој предизвика 12-дневна војна меѓу двете држави, за време на која САД интервенираа со бомбардирање на три големи ирански нуклеарни центри.
Ајатолахот денес го пофали „единството“ на иранскиот народ за време на таа војна против Израел.






