Како што пишува Би-би-си, очите на јавноста во и надвор од Иран сега се насочени кон реакцијата на Хамнеи. Тој последен пат се појави на државната телевизија на 18 јуни, во однапред снимена порака во која го отфрли повикот на американскиот претседател Доналд Трамп за „безусловно предавање“.
Тој не е виден во јавност од израелскиот напад врз Иран на 13 јуни – тогаш беше емитувана друга снимена порака. Неговите официјални објави на социјалната мрежа Икс беа активни до примирјето, но оттогаш нема нови појавувања.
Последните фотографии на кои се гледа во јавност датираат од 11 јуни, кога Хамнеи се сретна со членови на иранскиот парламент.