сабота, 12 јули 2025

Врховниот лидер на Иран: Израел направи голема грешка, ќе биде казнет

Додека светот ја чека најавената иранска одмазда за американските напади врз нуклеарните постројки, како и реакцијата на врховниот лидер, чии советници најавуваат одговор, врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи изјави дека израелското бомбардирање започнато на 13 јуни беше голема грешка и големо злосторство.

Фото: социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

„Ционистичкиот непријател направи голема грешка, направи големо злосторство – мора да биде казнет и се казнува; поточно, се казнува токму сега“, напиша Хамнеи рано утрово на социјалните мрежи, заедно со фотографија од ракети што паѓаат врз израелски град, со огромен череп со Давидова ѕвезда на челото видлив во позадина.

Се чини, како што пишува Скај, дека се мисли на најновиот ракетен напад врз Израел, во кој беше испукана една ракета, која беше пресретната од израелските одбранбени сили.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ