сабота, 6 декември 2025

Врховниот командант на НАТО: Европа добро ќе се снајде и со помалку американски трупи

Врховниот командант на НАТО во Европа, американскиот генерал Алексус Гринкевич, изјави дека смета дека Европа добро ќе се справи со помалку американски војници на Стариот континент.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Европа нема да има проблем дури и ако Соединетите Американски Држави повлечат дел од своите сили“, кажа Гринкевич, а пренесе Политико.

Според него, Европа и Канада имаат доволно капацитети, а НАТО е подготвен за секоја криза.

Тој кажа дека политичките несогласувања не влијаеле на оперативната подготвеност на НАТО, а зголемените европски инвестиции дополнително ќе ја зајакнат одбраната, дури и ако САД повлечат уште војници.

Гринкевич додаде дека постои ризик Русија наскоро да „ја тестира колективната одбрана на НАТО, а предупреди и на долгорочна опасност“.

Тој смета дека хибридните напади се сериозен проблем и дека НАТО разгледува поактивни одговори, иако не даде детали.

Политико оценува дека овие изјави доаѓаат во време кога се очекува нова стратегија од американскиот претседател Доналд Трамп, што би можело да доведе до повлекување на дел од американските војници од Европа и пренасочување кон Индо-Пацификот.

Како доказ за ова тврдење Политико ја наведува одлуката на Вашингтон да повлече 800 војници од Романија минатиот месец, што предизвика негодување во Букурешт.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ