среда, 7 мај 2025

Вооружени полициски специјалци од РС спречиле апсење на Додик во источно Сараево (ВИДЕО)

Во источно Сараево владее опсадна атмосфера. Вооружени специјалци на министерството за внатрешни работи на Република Српска и припадници на личното обезбедување на Милорад Додик го чуваат претседателот на ентитетот откако припадници на Државната агенција за истраги и заштита (СИПА) на Босна и Херцеговина се обиделе да го уапсат.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Припадниците на СИПА претходно вечера пристигнале во Административниот центар на владата на РС, каде што се наоѓал Додик, со цел да го приведат по налог на Судот на БиХ, кој против него издаде потерница. Меѓутоа, акцијата на СИПА ја спречиле припадници на ентитетската полиција кои застанале во одбрана на претседателот на Република Српска.

Ваквиот развој на настаните отвора сериозни прашања за состојбата на владеењето на правото во Босна и Херцеговина, како и за тоа колкаво е влијанието на политичките структури врз ентитетската полиција, пишуваат сараевските медиуми.

Додик претходно денес престојувал во Шековиќи, каде присуствувал на церемонија на почнување на проектот за гасификација на источниот дел на РС. Потоа пристигнал во Административниот центар во источно Сараево, на состанок со локалните функционери. Токму таму сакале да го уапсат припадниците на СИПА, но неговото обезбедување му овозможило да остане недопирлив.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ