Неколку вооружени лица во воени униформи упаднале на локацијата и почнале да пукаат во присутните, пренесуваат локалните медиуми.
Нападот се случил во областа меѓу провинциите Манаби и Санто Доминго де лос Цачилас, изјави началникот на полицијата Ренан Милер Ривера.
Тој додаде дека има и ранети кои биле пренесени во болници, но не ја откри точната бројка.
Полицијата истражува дали делото е поврзано со конфликти меѓу криминални групи.
Стапката на убиства во Еквадор се зголеми од 5,8 на 100.000 жители во 2017 година на 50,7 во последно време.
Моќните нарко-банди се шират во некогаш релативно безбедна земја. Неодамна реизбраниот претседател Даниел Нобоа прогласи вонредна состојба и ги распореди вооружените сили во борбата против бандите.