Според споменатиот весник, писмото било дел од луксузниот албум подготвен за 50-тиот роденден на Џефри Епстин, три години пред да бидат објавени јавните обвинувања за сексуална злоупотреба против финансиерот.
Писмото, со цртеж на контури на гола жена, содржи отчукана порака потпишана со „Доналд“ и завршува со зборовите: „Среќен роденден и нека секој ден биде уште една прекрасна тајна“. Доналд Трамп веднаш реагираше преку социјалната мрежа Трут соушл, тврдејќи дека станува збор за „лажен“ документ.
„Волстрит џурнал, Њуз корп и Руперт Мардок се предупредени дека писмото е лажно. Доколку го објават, ќе бидат тужени“, напиша Трамп.
Портпаролите на весникот и неговите матични компании одбија да коментираат. Сопственикот Мардок не беше достапен за коментар.
Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс изјави на мрежата Икс дека приказната е „чиста глупост“ и дека весникот „треба да се срами од себе што објавил што било“. Автентичноста на писмото сè уште не е потврдена, Белата куќа не одговори на барањето за коментар.






