петок, 27 февруари 2026

Волстрит џурнал: САД бараат од Иран да ги демонтира главните нуклеарни објекти

Американските претставници Стивен Виткоф и Џаред Кушнер влегоа во третата рунда преговори за нуклеарната програма на Иран со барање Иран да ги демонтира своите главни нуклеарни објекти, пишува американскиот весник Волстрит џурнал.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Виткоф и Кушнер барањата ги изнесуваат под притисок од цврсти поединци во администрацијата и републиканците во Конгресот да не се согласат на договор кој би можел да биде критикуван како мек.

Повикувајќи се на неименувани американски претставници, Волстрит џурнал пишува дека Соединетите Американски Држави ќе му дадат до знаење на Иран дека мора да ги демонтира своите три главни нуклеарни објекти, во Форд, Натанз и Исфахан, и дека претходното барање на американскиот претседател Доналд Трамп на Техеран повеќе да не смее да збогатува ураниум останува да важи.

Иран сè уште би можел да го користи реакторот во Техеран на многу ниски нивоа на збогатување за медицински цели.

Изворите навеле и дека САД бараат од Иран да им го предаде целиот преостанат збогатен ураниум.

За возврат, САД нудат ограничено олеснување од санкциите на почетокот, кое подоцна би се проширило доколку Иран се придржува до договорот со тек на време, пишува американскиот весник.

Преговорите се водат со големо американско воено присуство на Блискиот Исток.

Трамп се закани со воена акција против Иран доколку не се постигне договор, додека Техеран вели дека ќе го третира секој напад како почеток на поширок конфликт.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ