понеделник, 5 јануари 2026

Војската ја призна досегашната потпретседателка како привремена претседателка на Венецуела

Венецуелската војска ја призна потпретседателката Делси Родригез за привремена претседателка на земјата, објави министерот за одбрана, генералот Владимир Падрино Лопез, и ги повика своите сонародници да продолжат со нормалните активности, еден ден откако Соединетите Американски Држави го киднапираа Николас Мадуро.

Објавено на

часот

Сподели

Генералот се повика на одлуката на Врховниот суд со која ѝ се наложува на Родригез да ја преземе функцијата на 90 дена. Падрино Лопез ги обвини САД дека извршиле „кукавичко киднапирање“ и „ладнокрвно убиле голем дел од безбедносниот тим на претседателот, мажи и жени војници и невини граѓани“ во американската воена операција во Венецуела и побара „брзо ослободување“ на Николас Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес.

Тој не го наведе точниот број на жртви. Генерал Владимир Падрино Лопез го повика „народот на Венецуела да ги продолжи своите економски, професионални и сите видови активности, како и образовните активности во наредните денови, а татковината да се врати на својот уставен пат“.

Тој објави дека Националното собрание ќе се состане утре. Тој го повика населението „да го одржува мирот и редот и да не подлегнува на искушенијата на психолошката војна, заканите и стравот кои сакаат да ни ги наметнат“.

Заробениот 63-годишен венецуелски претседател ја помина првата ноќ во затвор во Бруклин во Њујорк, и се очекува утре да се појави пред американски суд по обвинение за „наркотероризам“, заедно со неговата 69-годишна сопруга.

Опишувајќи ја „смелата“ операција која се подготвувала со месеци, американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека САД сега ќе ја „предводат“ земјата со 30 милиони жители и се закани дека е подготвен да испрати копнени сили и да започне „втор бран“ напади доколку е потребно.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ