недела, 14 декември 2025

Војник пукал во воздух на вчерашниот протест во Нови Сад; „Никогаш не сум видел толкава омраза“ (ВИДЕО)

Поручникот на српската војска Владимир Бркушанин, кој синоќа пукал во воздух во Нови Сад, изјави дека бил на редовна задача кога биле нападнати од група од околу стотина луѓе. Тој тврди дека кога биле опкружени од три страни, проценил дека неговиот живот и животите на неговите колеги се во опасност и испукал еден куршум во воздух во безбеден правец.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Синоќа, за време на протестот пред просториите на Српската напредна партија во Нови Сад, дојде до ескалација на конфликтот меѓу поддржувачите на таа партија и граѓаните, а потоа еден човек бил снимен како пука еден куршум во воздух.

Бркушанин вели дека вчера бил на задача да обезбеди едно лице кога биле нападнати од група од речиси стотина луѓе, вооружени со метални и дрвени палки, пиротехнички средства, факели и камења, јавува Н1.

„Нападот беше насилен. Пруживме претежно пасивен отпор, ги заштитивме виталните делови од телото и се спротивставивме колку што можевме. Во моментот кога бевме опкружени од три страни, а зад нас имаше ѕид, проценив дека мојот живот и животите на моите колеги се во опасност. Користев огнено оружје и испукав еден куршум во воздух во безбеден правец. Во тој момент, напаѓачите избегаа“, кажа Бркушанин.

Тој додаде дека верува оти последиците за него и неговите колеги би биле многу потешки доколку тој не го сторел тоа.

„Сакам да истакнам дека ја работам оваа работа повеќе од 20 години и никогаш не сум видел толку многу омраза и гнев кон овластени лица. Тие знаеја дека сме овластени лица, ги предупредивме неколку пати, но тоа немаше ефект. Во мојата долга кариера немав можност да видам нешто слично и многу сум изненаден од тоа“, кажа тој.

Директорот на српската Агенција за воена безбедност, генерал-потполковникот Ѓуро Јовановиќ, денес на прес-конференција изјави дека припадници на елитната воена единица „Кобра“ биле нападнати синоќа во Нови Сад и дека седум припадници на српската армија се повредени, од кои четворица имаат сериозни повреди. Тој истакна дека ниеден живот не бил загрозен од пукањето во воздух, „баш срптивното“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ