четврток, 12 март 2026

Војната со Иран ја чини туристичката индустрија на Блискиот Исток 600 милиони долари дневно

Војната на САД и Израел со Иран ја чини туристичката и патничката индустрија на Блискиот Исток најмалку 600 милиони долари дневно во изгубена потрошувачка од меѓународни посетители, според Светскиот совет за патувања и туризам (ССПТ).

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Нарушениот воздушен сообраќај, намалената доверба на патниците и ослабената регионална поврзаност ја намалуваат побарувачката низ регионот, кој опфаќа околу 5 % од глобалните пристигнувања и 14 % од меѓународниот транзитен сообраќај, се додава во соопштението објавено во средата.

Големите воздушни центри како Дубаи, Абу Даби, Доха и Бахреин — кои вообичаено опслужуваат околу 526.000 патници дневно — се соочија со речиси две недели затворања и оперативен хаос, што сериозно го наруши глобалното патување и предизвика нагло поскапување на многу авионски билети.

Анализата на ССПТ се засновува на нејзината прогноза за Блискиот Исток за 2026 година, изработена пред почетокот на конфликтот, која предвидуваше 207 милијарди долари потрошувачка од меѓународни посетители во регионот оваа година.

„Секое нарушување на тековите на патување затоа брзо се претвора во значително економско влијание врз целиот туристички екосистем“, се наведува во соопштението.

Сепак, претседателката и извршна директорка на ССПТ, Глорија Гевара, изјави дека секторот за патувања и туризам „е најотпорниот сектор“, со историја на брзо закрепнување. Јасната комуникација, силната координација меѓу јавниот и приватниот сектор и мерките за зајакнување на безбедноста и стабилноста се клучни за повторно градење на довербата кај патниците, додаде таа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ