четврток, 12 март 2026

„Војна или забава?“: Белата куќа пак објави анимирана снимка за напад врз Иран (ВИДЕО)

Белата куќа објави кратко анимирано видео на својот официјален профил на платформата Икс, во кое на поедноставен и симболичен начин е прикажан напад врз иранската нуклеарна програма.

Фото: скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Видеото, кое трае околу 34 секунди, користи метафора од куглањето: иранските функционери се претставени како кугларки кегли, додека американскиот напад е прикажан како кугла во боите на американското знаме што ги урива. На крајот се појавуваат снимки од лансирање проектили, со краток натпис „НАПАД“.

Станува збор за дел од поширока медиумска кампања поврзана со операцијата Епски бес, во чии рамки Белата куќа во последните недели објавува видеа што комбинираат вистински снимки од напади врз ирански цели со визуелни елементи инспирирани од филмови и видеоигри.

Ваквиот стил на комуникација предизвика критики на социјалните мрежи, каде што дел од корисниците оценуваат дека сериозни воени операции се претставуваат како спектакл или забава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ