понеделник, 15 декември 2025

Воен хеликоптер се урна во река во источна Германија (ФОТО)

Германски воен хеликоптер се урна во река во близина на градот Грим на истокот од земјата, изјави денеска портпаролката на полицијата за ДПА.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Судбината на пилотот сè уште не е разјаснета, изјави портпаролот на противпожарната служба на округот Лајпциг.

Според информациите добиени од безбедносни извори на Билд, Бундесверот пријавил дека хеликоптерот, пилотот и, евентуално, членовите на екипажот се исчезнати.

Делови од остатоците од хеликоптерот сè уште се во реката, спасувачите од противпожарната служба и полициските сили интензивно работат на лице место, а повикани се и нуркачи.

Полицијата веќе го означила подрачјето како воена забранета зона, спречувајќи ги присутните граѓани да го фотографираат местото на падот на хеликоптерот, пренесува германски Билд.

Според првичните информации, некои минувачи забележале делови од хеликоптерот во реката околу 11:30 часот и веднаш ја известиле полицијата.

Исто така, во таа област е поставена зона за забранети летови, која се протега на две наутички милји (околу 3,74 километри) од местото на несреќата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ