Дронот немал боева глава, содржел само мало количество експлозив и најверојатно бил мамка, објави новинската агенција ПАП, повикувајќи се на извор близок до министерството за одбрана, пренесува Ројтерс.
Полска е во состојба на зголемена готовност за објекти што влегуваат во нејзиниот воздушен простор откако залутан украински проектил го погоди јужното полско село Пжеводов во 2022 година, при што загинаа две лица.
„Истрагата за експлозијата покажува дека … предметот најверојатно е воен дрон“, изјави за новинарите регионалниот обвинител на Лублин, Грегож Трушевич. Тој додаде дека најверојатно бил оштетен од експлозив.
🇵🇱 Na území Lublinského vojvodství došlo k pádu neznámého objektu, který explodoval v okrese Łuków na východě Polska. Podle předběžných informací při incidentu nikdo neutrpěl zranění.
📹 Na sociálních sítích se nyní objevilo video z kamerového systému – záběry pocházejí z polské… pic.twitter.com/LnXHxuV3AO
— neČT24 (@42TCen) August 20, 2025
Полицијата претходно соопшти дека неидентификуван предмет паднал на поле во селото Осини во источниот регион Лублин, кој се граничи со Украина.
Експлозијата скршила прозорци на неколку куќи, но никој не е повреден, објави агенцијата ПАП. Полициските службеници пронашле изгорени парчиња метал и пластика на местото на настанот.
Полицијата објави дека пченката изгорела во дијаметар од осум до 10 метри околу местото каде што паднал предметот.
Оперативната команда на полските вооружени сили претходно објави дека радарските системи не откриле ниту еден предмет што влегол во полскиот воздушен простор од Украина или Белорусија.
Сепак, вицепремиерот и министер за одбрана Владислав Косињак Камиш изјави дека радарските системи не го регистрираат секој предмет.
„Целиот инцидент се истражува“, кажа тој претходно. „Три хипотези: белоруски дрон, руски дрон или дрон што се користи за шверц, или чин на саботажа што можел да биде извршен на полска територија – ниту една од овие можности не треба да се исклучи.“
Сирените за воздушен напад се огласувале околу еден час преку границата, во украинските региони Волин и Лавов, од околу полноќ по локално време, според пораките на украинската војска објавени на Телеграм.
Полскиот министер за надворешни работи Радослав Шикорски, пак, тврди дека станува збор за руски дрон.
Kolejne naruszenie naszej przestrzeni powietrznej ze Wschodu potwierdza, że najważniejszą misją Polski wobec NATO jest obrona naszego własnego terytorium.
Będzie protest MSZ wobec sprawcy.— Radosław Sikorski 🇵🇱🇪🇺 (@sikorskiradek) August 20, 2025
Тој на социјалната мрежа Икс објави дека „станува збор за уште едно нарушување на нашиот воздушен простор од исток“, што, според него, потврдува дека најважната мисија на Полска во НАТО е одбраната на сопствената територија.






