петок, 13 јуни 2025

Воен аналитичар: Руската војска би ги победила италијанската и германската војска

Британскиот воен аналитичар Мајкл Кларк анализираше за Скај њуз како Германија, Италија и Полска би се справиле со Русија во потенцијален воен конфликт.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Полска, Германија и Италија беа толку воено неподготвени што ефективно се потпираа на член 5 за да се заштитат себеси. Суштината на тој член е дека нападот врз една земја се толкува како напад врз сите“, објасни Кларк.

Потоа тој презентираше различни сценарија. „Руски напад врз Германија, кој би победил? Русија. Руски напад врз Италија, кој би победил? Русија. Руски напад врз Полска, кој би победил? Веројатно би завршило слично како војната во Украина сега“, верува Кларк.

Фокусирајќи се на Полска, Кларк вели дека земјата се појавува како голема сила. Тој истакна дека Полска има 200.000 војници, со големи резерви. „Тие ќе трошат 5 отсто од БДП за одбрана, Полјаците го сфаќаат тоа многу сериозно“, истакна тој.

„Тие се третата најсилна војска во НАТО по Турција и САД – тие се појавуваат како главен играч“, заклучи тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ